Општинската организација на Движењето ЗНАМ За Наша Македонија Охрид информира дека караванот на кандидатот за претседател на Република Македонија, г-дин Максим Димитриевски во недела и понеделник се сели во околината на општина Охрид.
Според агендата на караванот предвидено е во недела во 12 часот средба со граѓани во општина Вевчани, додека во 13часот и 30 минути караванот се сели во општина Струга.
Од општина Струга, караванот доаѓа во Охрид каде предвидено е од 18 часот да има голем собир на граѓани.
„Почитувани медиуми, почитувани граѓани, наши членови и симпатизери, на ден 07.04.2024 година Ве покануваме на јавен собир на граѓани со почеток во 18 часот на плоштадот кај Мини-Маркет во пресрет претстојните Претседателски избори 2024 година, промовирање на предизборната претседателска програма насловена „Манифест за Македонија“ , слоганот на кампањата „Максимум за Македонија“ и нашиот кандидат за претседател на Република Македонија, г-дин Максим Димитриевски. Ве очекуваме! “ – стои во соопштението на Движењето ЗНАМ За Наша Македонија, ОО Охрид
Имено, во понеделник на 08.04.2024 година со почеток од 11 часот предвидено е претсадателскиот кандидат да има средба со целни групи во Охрид и околината на општина Охрид, додека по завршувањето во 13 часот претседателскиот караван се сели во општина Дебрца.
„Придружете се на нашето движење, нека Вашиот глас биде слушнат од нашиот кандидат, бидејќи вашето мислење за нас е важно, а вашата поддршка клучна“ – додаваат од Движењето ЗНАМ.