More

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТ ЗА АВТО ТАКСИ ВОЗАЧИ ВО ОПШТИНА ОХРИД

    spot_img

    Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Р.М број 5/02) и член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Р.М број 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14;112/14;166/14;44/15;97/15;124/15;129/15; 37/16 и 71/16), Градоначалникот на Општина Охрид го објавува следниот

    ЈАВЕН ПОВИК
    за пријавување на кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возачи во Општина Охрид
    1. Предмет на јавниот повик
      • Предмет на јавниот повик е пријавување на кандидати за добивање на сертификат за авто такси возачи во Општина Охрид.
      • Кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возач треба предходно да завршат обука за авто такси возач и за истата да им се издаде потврда за завршена обука од правното лице за вршење на обука овластени од Градоначалникот на Општина Охрид.
      • Трошоците за обука и за издавање на сертификатот за авто такси возач во Општина Охрид се на терет на пријавените кандидати.

     

    1. Право на учество на јавниот повик
      • Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица кои ги исполнуваат следниве услови:

    – поседуваат Потврда за завршена обука издадена од правното лице овластено од Градоначалникот на Општина Охрид,
    – да поседуваат возачка дозвола (Б категорија).

     

    1. Начин и рок на поднесување на пријава и датум за полагање
      • Лицата од точка 2 поднесуваат Пријава до Архивата на Општина Охрид (која може да се подигне од Архивата на Општина Охрид или да се превземе од интернет страната www.ohrid.gov.mk).
      • Кон пријавата се доставува следната документација:

    – Потврда за завршена обука за авто такси возач во Општина Охрид во оригинал, издадена од правното лице овластено за вршење на обука од Градоначалникот на Општина Охрид и за кое правно лице е издадено Решение за добиена согласност за трошковник

    – Копија од лична карта
    – Копија од возачка дозвола (Б категорија)

     

    4. Датум за одржување на испит

     – Датум  на кои ќе се одржи испитот  за полагање на сертификат за авто такси возач:

    • 01 Ноември  (Петок)  2024  год. во 10.00 ч.

     

    Испитот ќе се одржува во просториите на Општина Охрид .

    – Во случај на промена на на датумот и времето на одржување на некој од горе наведените закажани термини за испити, комисијата ќе ги извести пријавените кандидати за утврдените измени со новиот термин за испит.

     

    •     Рок за пријавување на кандидати за испит

    – Рокот за пријавување на кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возачи е најдоцна еден ден пред закажаниот термин на одржување на испит.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img