More

    Јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади

    spot_img

    Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на овошните насади предизвикани од атмосферската непогода – град која ја зафати територијата на општината на ден: 28 Мај 2022 година да ја пријават штетата на своите насади до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.

    Барањето за пријавување на штета на земјоделските насади може да се преземе на од веб страната на www.debrca.gov.mk   и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.

    Покрај барањето секој барател треба да достави:

    • копие од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;
    • копие од трансакциска сметка;
    • доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копие од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; или копие од имотен лист; или копие од договор за закуп ).

    Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 15 дена, односно најдоцна до 15.06.2022 година.

    За сите дополнителни информации  може да се обратите на тел. 046 286 855.

    Потребните документи:

    1. Изјава
    2. Пријава

     

    ОПШТИНА ДЕБРЦА

    Комисија за проценка на штети

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img