More

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА СЕМЕЈСТВО КОЕ ИМА ДЕТЕ СО ТЕШКА ПОПРЕЧЕНОСТ ВО УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ

    spot_img

    Врз основа на член 22 став 1 точка 7, член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 15 став 1 точка 7, член 34 став 1 точка 15 од Статутот на општина Охрид, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2023 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува:

     

    ЈАВЕН ПОВИК
    за еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со тешка попреченост во училишна возраст

     

    Општина Охрид за буџетската 2023 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со најтешка форма на попреченост во училишна возраст, кое не е корисник на стипендија или друг вид на поддршка од општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на деца кои се на училишна возраст но поради степенот на попреченост не се во можност да посетуваат настава и се лекуваат во домашни или болнички услови. Предвидената финансиска поддршка изнесува 15.000,00 денари по семејство. За оваа намена во буџетот на општина Охрид за 2023 година се предвидени 300.000,00 денари.

    1. Услови кои лицата треба да ги исполнуваат:

    – да се жители на Општина Охрид, во училишна возраст;

    – да се пациенти со најтешка форма на попреченост категоризирани со наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфични потреби, издадено од страна на центрите или други институции кои го утврдуваат тоа;

    – да не се корисници на стипендија или друг вид на поддршка од општина Охрид;

     

    2. Потребни документи и начин на пријавување

    – Пријава за еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со најтешка форма на попреченост во училишна возраст;

    – Наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и спесифичните потреби издадено од страна на центрите кои го утврдуваат истиот;

    – Извод на родени  (копија);

    – Копија од трансакциска сметка на еден од родителите;

    – Изјава потпишана од родител/старател дека доставените документи се вистинити и дека детето не е корисник на поддршка од општина Охрид или друга стипендија/кредит од друга институција или компанија.

    Пријавите заедно со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса: Општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр.57 – Охрид со назнака „3а Комисија за спроведување на постапка за еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со тешка попреченост во училишна возраст или лично во архивата на општина Охрид.

     

    3. Рок на пријавување

    – Потребните документи треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на јавниот повик.

    – Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.

     

     

    ПРАВИЛНИК за начинот, постапката и критериумите за доделување на еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со тешка попреченост во училишна возраст

    ИЗЈАВА

    ПРИЈАВА за еднократна финансиска поддршка

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img