Јавен обвинител од скопското обвинителство бара од судија куќен притвор за Миле Пенов од Пржино

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Јавен обвинител од скопското обвинителство бара од судија куќен притвор за Миле Пенов од Пржино, напаѓачот кој вчера пред својата куќа го нападна снимателот Љубиша Игнатов од новинарскатаа екипа на ТВ 24. Миле(67) упатил пцовки до новинарската екипа која сакала да снима пред куќата бидејќи во нејзе за престој бил пријавен украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко, за кој неодамна се дозна дека илегално поседува македонски пасош, пренесува Фокус.

Притвор се бара поради опасност од бегство, но и повторување на делото.

„Осомничениот најпрвин упатил погрдни зборови и пцовки кон новинарската екипа која снимала прилог, а потоа и физички го нападнал снимателот, удирајќи го со лактот во вилицата и нанесувајќи му телесна повреда – набиеница“, соопшти Обвинителството.

Share This Article