Јапонската фудбалска репрезентација на аеродромот во Нарита беше пречекана од огромен број навивачи, воодушевени по натпреварите на Светското првенство во Катар. „Самурај“ беше примен и од премиерот Фумио Кишида.
Јапонците беа едно од најпријатните изненадувања на планетарниот шампионат.Тие стигнаа до осминафиналето каде по изведувањето на пенали беа елиминирани од Хрватска.
Направија големи сензации со триумфи над Германија и Шпанија. Дури и поведоа со 1:0 против Хрватска, но Иван Перишиќ со гол за 1:1 ја спаси Хрватска од пораз.
И покрај испаѓањето, тие се гордоста на јапонската нација, што се виде и од пречекот на нивните сограѓани на аеродромот.
Селекторот Моријасу и играчите беа примени и од премиерот Фумио Кишида.