More

    Јапонски научници претставија робот на кој му е пресадена вистинска човечка кожа нарекувајќи го „лицето на иднината“

    spot_img

    Јапонски научници претставија робот на кој му е пресадена вистинска човечка кожа нарекувајќи го „лицето на иднината“, објави Њу сајентист.

    На Универзитетот во Токио, научниците успеаја да ја поврзат кожата одгледана во лабораторија со „лицето“ на роботот и „добија насмевка“.

    Роботот содржи структури слични на лигаментите кои ги имаат луѓето и животните, кои обезбедуваат флексибилност и сила.

    Научниците направиле дупки на лицето на роботот, па кожата ја закачиле со колагенски гел. Според научниците, кожата е мека и може да се регенерира доколку дојде до оштетување.

    Научниците веруваат дека човечката кожа за роботи може да направи револуција и во роботиката и во козметичката индустрија.

    Покрај тоа, тие веруваат дека оваа кожа би можела да биде клучен чекор во создавањето роботи кои „имаат чувства како луѓе“, односно веруваат дека ова откритие може да поттикне создавање роботи кои би биле верни копии на луѓето, со вградени сетилни способности.

    – Природната флексибилност на кожата ѝ овозможува на кожата да се движи со механичките компоненти на роботот без да се кине или да се лупи – вели водечкиот истражувач, професор Шоџи Такеучи, чија лабораторија веќе има изградено роботи способни да одат со помош на биолошко мускулно ткиво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img