More

    Jапонски комарец кој ги пренесува енцефалитис, вирусот Западен Нил и денга вирусот е откриен во Србија

    spot_img

    Jапонски комарец (Aedes japonicus) кој ги пренесува енцефалитис, вирусот Западен Нил и денга вирусот е откриен во Србија.

    Јапонскиот комарец се наоѓа на листата 100 најопасни инвазивни видови во светот, а првото место го зазема тигрестиот комарец.

    Професор д-р Александра Игњатовиќ Ќупина од Земјоделскиот факултет во Нови Сад изјави дека во Србија живеат 49 видови комарци кои припаѓаат на 7 рода.

    Јапонскиот комарец првпат е пронајден во Србија во 2018 година на граничниот премин со Хрватска, во Љуба, а во 2019 година на територијата на Лозница. Се смета за компетентен вектор за пренесување на вирусот Западен Нил, јапонскиот енцефалитис, но и денга и чикунгуња кои ги пренесува тигрестиот комарец.

    Азискиот тигрест комарец доживеа глобална експанзија поради транспортот на стоки и трговијата со користени гуми и растенија, најмногу бамбус. Тој за првпат на Балканот се појавил во 1979 година во Албанија, потоа во 1990 година во Италија, а денес го има речиси во сите европски градови.

    – Кај нас за прв пат е забележан во 2009 година кај Батровци, на граничниот премин со Хрватска и тоа е една од најфреквентните точки. Потоа овој вид се рашири покрај автопатот, а во 2018 година го забележавме во Лозница и во Нови Сад. Веруваме дека од 2017 година азискиот тигрест комарец се населил во Батровци – вели доцент д-р Михаела Кавран, исто така од Земјоделскиот факултет во Нови Сад.

    Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека во последните 5 години има глобален пораст на вирусот денга.

    Денга треската (ДГ) е најчеста вирусна инфекција што ја пренесуваат комарците. Секоја година во светот се случуваат околу 100 милиони инфекции и 25.000 смртни случаи. Луѓето се разболуваат со каснување од заразен комарец. За среќа, треската не се пренесува од човек на човек.

    Инкубацијата е од 4 до 15 дена, во просек 6 дена. Болеста најчесто се манифестира како инфекција слична на грип. Симптоми на денга треска се висока температура, треска, осип, силна главоболка, морници, болки во мускулите и во зглобовите. Поретки симптоми се раздразливост, немир, зголемено потење, проследено со состојба на шок и крварење од носот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img