Јапонија успешно лансираше ракета со лунарен модул која треба да слета на Месечината за неколку месеци.
По три одложувања од крајот на август поради неповолните временски услови, ракетата H-IIA на јапонската вселенска агенција Jaxa полета денеска во 08:42 часот по јапонско време од базата за лансирање во Танегашима, на брегот на Тихиот Океан.
Јапонија успешно лансираше ракета со лунарен модул која треба да слета на Месечината за неколку месеци По три одложувања од крајот на август поради неповолните временски услови, ракетата H-IIA на јапонската вселенска агенција Jaxa полета денеска во 8:42 часот по јапонско време од базата за лансирање во Танегашими, на брегот на Тихиот Океан.
Лунарниот модул наречен SLIM треба да слета на Месечината за четири до шест месеци со голема прецизност, на максимални 100 метри од целта.
Меѓу другото, SLIM треба да го анализира составот на карпите на лунарната обвивка, внатрешната структура на Месечината која е слабо истражена.
Трката за истражување на Месечината се вжештува. Во август Индија за прв пат успеа да испрати робот на Месечината, кој испраќа слики и научни податоци од површината на Земјиниот сателит.
Пред Индија, само Соединетите Американски Држави, СССР и Кина успеаја контролирано да слетаат на Месечината.
Новиот обид на Русија да слета на Месечината во август беше неуспешен. Сондата Луна-25 се урна на површината на Месечината за време на слетувањето.