Јанкулоска поднела 2 претставки за третманот во затворот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Советничката на Народниот правобранител, Васка Бајрамовска-Мустафа, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека полномошникот на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска до нивната канцеларија се обратил со две претставки за кршење на човековите права во затворот „Идризово“.

– Има две претставки до институцијата Народен правобранител во делот на неможноста за користење погодности и во делот на непостапување на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по нивното барање за дискриминација кон подносителката на претставката. Претставките се во тек, во меѓувреме ние упативме допис до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за почитување на законскиот рок за донесување мислење по поднесеното барање и деновиве веќе Комисијата го донесе мислењето, додека постапката во однос на погодностите во затворите е во тек во секторот на казненопоправни установи што се води во Народниот правобранител – вели Бајрамовска-Мустафа.

Според мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Јанкулоска, како и останатите затворенички, не може да ги користи законските погодности што ги имаат затворениците мажи, како посети надвор од установа, одмор и работно ангажирање.

Јанкулоска ја издржува четиригодишната затворска казна од септември 2020 година откако беше правосилно осудена во сучајот „Тенк“ за набавката на владиниот луксузен мерцедес.

Share This Article