Јаневска: Одлуката на владата да даде по 1.200 денари во следните 6 месеци за 105 илјади ученици од социјално загрозени семејства е срамен поткуп на студентите и учениците со право на глас на претстојните избори

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Одлуката на владата да даде по 1.200 денари во следните 6 месеци за 105 илјади ученици од социјално загрозени семејства е срамен поткуп на студентите и учениците со право на глас на претстојните избори – оцени Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа се кумулативно 7.200 денари, колку што чини едно пазарење на храна за едно семејство да може да преживее една недела. Срамно и недолично. Но, тука има и еден друг момент. Во државата има 250 илјади ученици. Ако Владата дава поддршка на 105 илјади ученици од социјално загрозени семејства, тоа значи дека речиси половина од учениците живеат во сиромаштија токму поради лошите политики и грабежите на СДС и ДУИ, кои сега ќе ги збогателе со по 1.200 месечно во период од половина година. Самите се издаваат колку го осиромашиле народот и очекуваат од истиот да ги гласа на избори – рече Јаневска.
Таа посочи дека владата уште не им ги исплатила стипендиите што им следуваат за оваа година, им скратила по еден оброк од студентските домови. Како што вели, „Владата воведе и наводно дополнително право – субвенциониран студентски оброк, но и тоа не им се исплаќа редовно, а скратено им е на огромно мнозинство еден куп студенти, така што кумулативно студентите се оштетени“.

–Но, СДС и ДУИ немаат гајле, веќе најавуваат нови лаги и даваат нови ветувања. Замислете, 15 илјади студенти ќе добивале по 600 денари месечно до крај на академската година! Премногу, премногу мизерно и бедно! Ќе давале и ваучери за туризам за студентите. Откако успеаја да натераат цели генерации да се иселат од државата, сега на тие што останале ќе им давале ваучери и ќе го развиваат туризмот – рече Јаневска и побара од студентите да не наседнуваат на овие, како што ги нарече „евтини трикови“.

Share This Article