Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев по последните акции на МВР, вели дека нема да дозволат Македонија да биде упориште на криминални групи.
Истакнува дека никој не е и нема да биде поштеден, а државата ќе биде вратена во рацете на граѓаните.
„Криминалот во Македонија не е исплатлив, спокојот на граѓаните е наша одговорност. Сузбиена е осумнаесетчлена организирана криминална група составена од лица од Скопје, кои подолг временски период биле инволвирани во сериозен насилен криминал и недозволена трговија со оружје. Претресени се 24 лица на 30 локации, 28 во Скопје и две во Велес. Пораката е јасна. Нашата борба против криминалот е постојана и одлучна. Работиме максимално посветено на обезбедување на безбедноста и стабилноста на земјата“, објави Јанев.
Директорот посочува дека секој што ќе се огреши пред законот, ќе биде изведен пред лицето на правдата.