“ Јанакиески призна дека „бомбите“ за „Космос“ се автентични

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Второобвинетиот Миле Јанакиески на судењето за уривањето на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски, поради политичка одмазда по налог на тогашниот премиер Никола Груевски, ги призна објавените разговори, познати во јавноста како едни од најгрозните и најнечовечни од сите „бомби“, објави „Сакам да кажам“.

На денешното судско рочиште, на кое обвинетите даваат одбрана, Јанакиески не призна вина, но кажа дека разговорите се автентични. Првообвинетиот Груевски, кој им наредил на Јанакиески и на тогашниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски да не го тупат и да го урнат „Космос“ со динамит е во бегство во Унгарија.

Толку уживал Груевски со заканите, што пред Јанакиески се гази од смеење како наводно на Цановски му течело по панталони од страв дека ќе лета во воздух неговата инвестиција од 50 милиони евра.

Share This Article