Јајцата можат да бидат здрави, но важно е со што ќе ги комбинирате

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Јајцата можат да бидат здрави, но важно е со што ќе ги комбинирате
Јајцата содржат изобилство на хранливи материи. Тие обезбедуваат бројни здравствени придобивки бидејќи се добар извор на протеини и можат да помогнат да се намали воспалението, да се подобри здравјето на коските и да се придонесе за здравјето на мозокот.

Тие се јадат за појадок, после тренинг или како ужина и можат да се подготват на многу начини.
Сепак, треба да внимавате со што ги јадете јајцата. Само затоа што се здрави, не значи дека можете да ги комбинирате со нездрави состојки.

Поради висококвалитетните протеини и витамините Б кои ги содржат, несомнено е дека јајцата можат да бидат дел од здрава и урамнотежена исхрана. Но, кога тие се јадат со храна богата со масти, натриум и други нездрави состојки, сето тоа оди во вода“, вели диететичарот Лорин Манакер.

Јајцата често се јадат со сланина, колбаси и пржени компири. Таквата храна е полна со заситени масти и сол.

„Ако одлучите да јадете јајца, задолжително јадете ги со друга хранлива храна. Најдобрата комбинација е да ги јадете варени со авокадо и леб од цели зрна и зеленчук. Така ќе добиете многу здрав, но и вкусен оброк“, предупреди Manaker за Eat This, Not That, пренесува Index.hr.

Share This Article