Изгласани новите заменици министри – Јајага, Мадиќ , Бериша, Манолева и Нухиу ќе седнат во фотелјите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Собранието во рамки на попладневниот дел од денешното продолжение ба 104-тата седница ги избра Тирон Јајага за заменик-министер за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ за заменик-министер за правда, Вјолца Бериша за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева за заменик-министер за здравство и Агим Нухиу за заменик-министер за образование и наука.

Сите заменици министри беа избрани едногласно, но за Тирон Јајага гласаа 64 пратеници, а за останатите заменици по 65 пратеници.

Со тоа беше исцрпен дневниот ред на 104-тата седница за реконструкција на Владата која започна пред три недели.

Новите министри во Владата на Ковачевски, Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање беа избрани во понеделникот пред полноќ.

Share This Article