More

    Јахтата на американскиот милијардер Џеф Безос се закотви во Хрватска

    spot_img

    Јахтата на американскиот милијардер Џеф Безос деновиве е закотвена кај јужните соседи.

    Јахтата „Кору“, која е во сопственост на шефот на „Амазон“, Џеф Безос, во последните неколку дена е закотвена на брегот на хрватскиот остров Јакљан. Според апликацијата за следење на бродот VesselFinder, јахтата пристигнала таму од Албанија.

    Не е познато дали на бродот е и нејзиниот сопственик, но тој беше фатен од камерите на бродот на крајот на минатата недела кога Кору застана во Грција. Во тоа време Безос и неговата свршеница Лорен Санчез на јахтата ја угостија и познатата актерка Деми Мур.

    Како што пишува хрватски Индекс, 127-метарската јахта е една од последните аквизиции на американскиот милијардер. Кору е во флотата на Безос од оваа година и може да прими 18 гости, за кои се грижат најмногу 40 членови на екипажот. Вреди половина милијарда долари, а за негово одржување годишно мора да се издвојуваат околу 25 милиони долари.

    Џеф Безос на јахтата Кору за време на одмор во Грција Џеф Безос на јахтата Кору за време на одмор во Грција (Фото: ПРОФИМЕДИЈА)
    Има и интересен инцидент поврзан со бродот, кој се случил за време на изградбата во бродоградилиштето во Ротердам. Бродот има три јарболи, од кои највисокиот достигнува 39 метри во висина. Како што пишува Индекс, токму поради толку висок јарбол, бродот не можел да плови под познатиот подвижен мост Конингсхавен. Затоа, Кору беше донесен под мостот без јарболи, кои потоа беа инсталирани во друго бродоградилиште.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img