Екипата на Вистиномер, чија задача е да лови лажни вести коишто се шират преку медиумите, овојпат се надмина себеси.
Тимот на стручни лица во Вистиномер, случајно или не, налетал на оглас на социјалните мрежи преку кој се нуди бесплатно семе за домати од сортата јабучар.
Арно ама, како за беља, авторот на огласот напишал дека оваа сорта потекнува уште од времето на Александар Македонски.
И ете ти проблем!
Od Vremeto na Aleksandar Makedonski, avtohtona sorta ,,Jabucar,,,Makedonska.semeto ne go naplakam samo da se Siri se poveke.
Но, затоа е тука екипата на Вистиномер за веднаш да се фрли на истражување и анализирање, и секако, да ги поправи работите и да ги спаси читателите од заблудата која им се сервира.
Па, пази заклучок:
„Во објава на Фејсбук се нуди бесплатно семе за домат, што е во ред, но притоа се наведуваат неточни историски податоци во врска со тоа растение. Во времето на Александар Македонски (4 век п.н.е.), домати немало никаде, освен во Америка. Тие биле донесени оттаму по нејзиното откривање од страна на Европејците околу 18 и пол векови (речиси 2 милениуми) по Александар Македонски. Се смета дека доматот дошол во Средна Америка од западниот дел на Јужна Америка, односно од денешните Перу, Еквадор или северниот дел на Чиле, а Шпанците најпосле го пренеле во Европа. Од Америка биле донесени и пиперките, гравот, тиквата, компирот, пченката и тутунот“.