На социјалните мрежи се прошири синмка на која се гледа принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, во градот Лидс, каде што ја промовираше својата нова кампања. Принцезата од Велс прошета низ тамошниот пазар и ги поздрави луѓето што беа таму. Додека Кејт шетала, од толпата излегол маж и ја замолил да направи селфи со него.
Кејт потоа застанала и се вратила неколку чекори назад до мажот, со кој на крајот се фотографираше. Додека тој од нервоза и страв се борел со мобилниот телефон, обидувајќи се да ја сврти камерата во вистинската насока за да направи селфи, се слушнало како ѝ вели: „Извинете, многу сум нервозен“. Кејт одговорила: „Не грижете се. Во ред е. Сите понекогаш стануваме нервозни.“
Принцезата од Велс со својата реакција воодушеви многумина.
„Вистинска дама“, „Ова е толку убаво и искрено“, „Преслатко. Мислам дека беше нервозен затоа што мислеше дека принцезата ќе го одбие“, „Таа е најдобра, толку е љубезна“, се некои од коментари на Твитер.
ФОТО: Твитер/GB News