Ја убил жената и се забарикадирал во винарска визба

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вистинската драма се одвива во Австрија каде што полицијата се обидува да совлада маж кој се забарикадирал откако брутално убил жена.

Имено, маж (59), по потекло од Словачка, се забарикадирал во винарска визба во Зистерсдорф, Австрија, недалеку од лозјето каде ја убил сопругата (65).

Словакот од утрината ѝ дава активен отпор на полицијата, врз која претходно фрлил експлозив. Во нападот е повреден еден полицаец.

Од полицијата посочуваат дека на сила мерките на претпазливост и големата опасност, како и дека полициската акција  е во тек.

На терен е голем контингент на полиција, меѓу кои и специјалната единица Кобра.

Исто така, според очевидци, на местото на настанот се слушаат истрели и експлозии.

Евакуирани се и десетина куќи бидејќи дел од зградите се поврзани со подрумот во кој се крие осомничениот.

-Жртвата и осомничениот јасно се познаваат – изјави портпаролот на полицијата Јохан Баумшлагер во изјава за медиумите.

Осомничениот им е познат на властите „во повеќе европски земји за неовластено поседување оружје и распрскувачки материи“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article