Ја силувале, ја тепале и ја измачувале до смрт

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Двајца Албанци се осудени за убиство на 18-годишна девојка од албанска националност во српскиот град Урошевац. Едниот е осуден на доживотен затвор, а другиот на 15 години затвор. Пресудата е изречена за кривично дело убиство, пишува Газета експрес.

Според обвинението, на 21.08.2021 година околу 10.14 часот во неговиот стан во Урошевац, без нејзина согласност, осудениот го принудил починатото девојче на сексуален однос, кој бил проследен со тортура, на тој начин што најпрво ја силувал во дневната соба, а по сексуалниот чин ја испратил гола во бањата, од каде насилно ја испратил во спалната соба. Девојката од измачувањетo ја изгубила способноста за отпор, а насилникот уште два пати сексуално ја злоставувал.

Тој земал стап и заедно со друг Албанец влегол во собата и ја тепале девојката на различни делови од телото. Од ударите девојчето се здобило со повеќе повреди, а како директна последица од тепањето следела смрт, како и трауматски шок, кои се резултат на надворешно и внатрешно крварење, од скршеници на коската на долната вилица, скршеници на ребра, лева клучна коска, вратни пршлени.

Сепак, двајцата злоставувачи не беа осудени за силување и помагање во силување, бидејќи судот оценил дека нема докази што укажуваат дека тие го сториле тоа кривично дело.

Основниот суд во Урошевац денеска ја објави пресудата против убијците за убиство на осумнаесетгодишно девојче. Првоосомничениот е осуден на доживотен затвор, а вториот напаѓач на 15 години затвор.

Share This Article