More

    Ја избодел сопругата 100 пати, прво го удавил детето, а потоа неговото тело го однел во езерото

    spot_img

    Двегодишниот Тејлен Мозли од Флорида, кој минатиот месец беше пронајдено во вилиците на рептил, бил удавен од неговиот татко, кој потоа го фрлил во езеро полно алигатори, потврди полицијата.

    Тејлен Мозли беше пријавен за исчезнат на 30 март, откако неговата мајка Пашун Џефри (20) беше пронајдена мртва во нивниот стан со 100 убоди.

    Полициско одделение во Флорида веднаш започнало потрага по момчето и завршило само еден ден подоцна со пронаоѓање на двегодишното дете во вилиците на рептилот. Телото на Тејлен беше пронајдено на 31 март.

    Инаку, езерото Маѓоре е оддалечено речиси 18 километри од станот на неговата мајка, соопшти полицијата. Во потрагата по момчето учествувале кучиња, дрон и федерални и државни агенции.

    Полицијата го застрела алигаторот, кој потоа го исфрли телото на момчето, но обдукцијата потврди дека момчето починало откако се удавило во езеро во близина на станот на Пашун, пишува Дејли Стар.

    Началникот на полицијата Ентони Холовеј потоа го коментираше страшното откритие:

    „Исчезнатото дете е пронајдено во алигаторот, додека мајката е избодена до смрт. Таткото е обвинет за убиство. Жал ни е што мораше да заврши вака“, изјави началникот на полицијата.

    Инспекторите, исто така, потврдија дека Пашун бил избодена со нож на забава одржана за Мозли.

    Портпаролот на полицијата вчера потврди дека Мозли го фрлил својот син во езерото каде подоцна детето било пронајдено во устата на алигатор.

    „Истрагата е во тек и продолжуваме да ги оценуваме сите информации што ги добивме“, се вели во соопштението на обвинителството.

    Таткото на Тајлен, Томас Мосели (21), е обвинет за две точки за убиство од прв степен за смртта на неговиот син и мајката на детето, Пашун.

    21-годишникот моментално се наоѓа во притвор без кауција и треба да се појави на сослушување за обвиненијата на 5 мај, објави Њујорк пост.

    Доказите презентирани на суд покажаа дека Мозли бил поврзан со местото на убиството преку крвав отпечаток од прст пронајден на шише за чистење, како и крвав отпечаток на чевли пронајдени во станот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img