Извозот покрива само две третини од увозот, високиот трговски дефицит загрижува

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонија сѐ повеќе увезува отколку што извезува. „Дупката“ што се создава притоа станува загрижувачка. Последните статистички податоци од ноември лани покажуваат дека трговскиот дефицит за 11 месеци се искачил на 3,5 милијарди евра, што говори дека со извозот можеме да покриеме само 68,9 отсто од она што го увезуваме. Од јануари до ноември лани сме извезле стоки во вредност од 7,64 милијарди евра, а увозот нѐ чинел 11,1 милијарди евра.

Ваквата неповолна состојба во трговската размена со светот, според бизнисмени и експерти, може да се промени само со структурни реформи, кои ќе поддржат производи со висока додадена вредност, односно готови производи, како и со зголемување на палетата производи што ќе се извезуваат. Дополнителни вложувања во науката и во новите технологии што ќе се користат во производството можат да придонесат за намалување на увозната зависност на земјата од одделни производи, посебно кај храната која може да се произведе во количини кои ќе го задоволат домашниот пазар.

Потребни се структурни промени и извоз на производи со додадена вредност

– Македонија има неограничени можности за извоз, бидејќи произведува и извезува мали количини кои не ги загрозат големите извозни земји. Но, оваа предност земјата не ја користи, бидејќи главно извезува суровини, полуфабрикати и производи за брендови, т.н. лон производство во текстилната и во ИТ индустријата, која има најголемо учество во извозот. Дури и во индустриските зони се работи лон – се увезуваат, на пример, готови кабли и овде само се моткаат, не се произведуваат готови производи. Со ваков избор на производи, кои имаат и пониска вредност, не може да се остварат добри извозни резултати, иако може да се рече дека имаме добар извоз. Дополнително, имаме понуда на мала палета производи за извоз, што исто така е лоша страна. Тоа значи дека проблемот на нашата економија е во тоа што има мало и лошо структурирано производство, а лекот е во структурни промени и во понуда на поголема палета производи со додадена вредност – вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.

Словенија, на пример, има 3 до 5 пати поголем број производи што ги извезува, кои дополнително се со висока додадена вредност, односно готови производи.

– На пример, не е исто да се извезе готов телевизор и делови за телевизор. Но, интересно е кај нас што покрај нафта, гас и други производи што не можеме да ги произведеме, се увезува и храна што може да се произведе за задоволување на домашниот пазар и за да се извезува. Тука увозот е потребен бидејќи секоја година приносите во земјоделството се намалуваат, а науката како воопшто да не се преименува во овој сектор. Овој увоз и на други производи кои можеме да ги произведеме, сочинуваат добар дел од дефицитот во трговската размена – категоричен е Димитров.

И државата треба да помогне

Експерти велат дека земјава традиционално има трговски дефицит затоа што е увозно зависна, но затоа треба да се подобри извозот за да се сведе тој во нормални рамки и да нема негативно влијание на тековната сметка. Според нив, ако повеќе се увезува за развојни цели, на пример преку увоз на машини за производство и слично, тогаш дефицитот може да се гледа како позитивен. Но, во одделни сегменти тој е неприфатл