Најголемиот европски производител на патнички авиони Ербас во 2023 година испорача 735 патнички авиони на 87 авиокомпании ширум светот и покрај сложеното деловно опкружување, пишува денеска порталот Танго шест.
Бројот на нарачани, но се уште не испорачани авиони е 8.598, додава порталот.
„Минатата, 2023 година, претставува клучна година за секторот Ербас кој се занимава со производство на патнички авиони, поради исклучителните резултати кога станува збор за продажба и испораки, каде што ги достигнавме горните граници на планираните цели“, рече директорот на Ербас. Гилијам Фари.
Директорот на секторот за производство на патнички авиони, Кристијан Шерер, рече дека компанијата планирала закрепнување помеѓу 2023 и 2025 година, но пазарот на авиони со широка тела закрепнал многу порано од очекуваното.
„Никогаш досега не сме продале толку многу авиони А320 и А350 за една година, а да не зборуваме дека седум нови клиенти купиле А350-1000. „Патувањето се врати и со сериозен моментум“, рече Шерер.