Со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион попладнево се извлечени двојките за осминафиналните натпревари во Лига Европа и Лигата на конференции, кои се на програмата на 9. и 16. март.
Турскиот гигант Фенербахче, во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, за противник ја доби шпанска Севиља, додека Манчестер јунајтед ќе игра против Бетис.
Осминафиналните двојки во Лига Европа се Унион Берлин – Унион Сент-Жил, Севиља – Фенербахче, Баер Леверкузен – Ференцварош, Спортинг – Арсенал, Рома – Реал Сосиедад и Шахтјор Доњецк – Феенорд.
Финалето е на програмата на 31 мај во Будимпешта.
Со жрепка во Нион се дознаа осминафиналните парови во Лигата на конференции, АЕК Ларнака од Кипар на поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски ќе има англиски предизвик, Вест хем.
АЕК Ларнака ќе биде домаќин на првиот натпревар кој ќе се игра на 9 март, а реваншот е една недела подоцна во Лондон
Во третото по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на конференции, осминафиналните двојки се: АЕК Ларнака – Вест Хем, Фиорентина – Сиваспор, Лацио – АЗ Алкмар, Лех – Ѓургарден, Базел – Слован Братислава, Шериф – Ница, Андерлехт – Виљареал и Гент – Башакшехир.
Домаќинот на финалето ќе биде Прага на 7 јуни.