ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР) за под-проектот „Енергетска ефикасност за улично осветлување за општина Дебрца“, Општина Дебрца

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во рамки на “Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за спроведување на проектот при Министерството за финансии со финансиска поддршка од Светска Банка, Општина Дебрца аплицираше со под-проект за „Енергетска ефикасност за улично осветлување за општина Дебрца“.

Согласно Рамката за животна средина и социјални работи изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за намалување на влијанијата врз животната средина и социјалните работи” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните работи кои ќе произлезат од планираните активности на под-проектот. Овој документ е поставен за јавен увид на официјалните веб страници на:

Министерството за финансии (Под-проекти за енергетска ефикасност во единиците на локална самоуправа – finance.gov.mk) и на:

Општина Дебрца:  www.debrca.gov.mk

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 30 дена од поставување на документот на веб страна, преку пополнување на формуларот кој е достапен на веб страната на општина Дебрца

Во текот на периодот наменет за јавни консултации за ПУЖССР, ќе се одржи и јавна расправа за документот, на 10.07.2023 (понеделник) со почеток во 13.30 часот во просториите на општина Дебрца, со следниот дневен ред:

  1. Воведен збор на Градоначалникот на општина Дебрца и намерата за задолжување – 15 минути
  2. Краток осврт на документ “План за управување со животната средина и со социјалните аспекти за проектот” (Катарина Георгиевска, Консултант за животна средина) – 15 минути
  3. Дискусија.

 

Формулар за поднесување коментари за ПУЖССР на подпроекти на општините

ПУЖССР – Контролна листа – за подпроект за улично осветлување – општина Дебрца

- Advertisement -
Ad image

Известување и Дневен ред за јавни консултации на ПУЖССР – подпроект општина Дебрца

Датум на објава: 30.06.2023

Министерство за финансии

- Advertisement -
Ad image

Единица за спроведување на проектот и

Општина Дебрца

Share This Article