More

    Извештајот на ОБСЕ-ОДИХР е класично предупредување, соопшти албанската опозиција

    spot_img

    Опозицискиот фронт го вперува прстот кон ДУИ, за која велат дека имаат доволно причини да се сомневаат дека може да предизвика немири на изборите, откако ќе претрпи пораз на изборите.

    Според портпаролот на Вреди, Орхан Муртезани, основа за сомнеж е извештајот на ОДИХР пред изборите, кој не бил позитивен за земјава.

    – Врз основа на народната поговорка дека давеникот се фаќа за сламка, земајќи го предвид извештајот на ОДИХР кој предвидува можна нестабилност и неизвесни избори, имаме право да се сомневаме дека ДУИ е подготвена да предизвика политичка криза за да не го прифати сигурниот пораз кој доаѓа. Не смееме да го занемариме фактот дека кандидатот за претседател на ДУИ до вчера беше претседавач со ОБСЕ и имаше или требаше да има пристап и да учествува во изработката на овој извештај – рече Муртезани.

    ОБСЕ-ОДИХР пред два дена објави извештај за предизборниот амбиент во земјава. Денот на гласање ОДИХР сака да го следи со 24 долгорочни и со 300 краткорочни набљудувачи.

    „Медиумското покривање на изборната кампања е фрагментирано и поларизирано, има значително зголемување на националистичката реторика што може да резултира со зголемени немири и тензии, забележан е пораст на нетолерантна и насилна реторика која може да се толкува и како говор на омраза, вклучително и против етнички малцинства”, наведено е во извештајот.

    ОДИХР ги набљудува и оценува сите изборни процеси во земјата повеќе од една деценија

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img