More

    Извештај на Европската комисија за прогресот на земјава

    spot_img

    Северна Македонија е умерено подготвена по речиси сите критериуми, стои во нацрт-извештајот на Европската комисија што треба да се објави утре, а во кој Радио Слободна Европа имаше увид. Единствено во економските критериуми е наведен добар напредок, а во усогласеноста на земјава со европската надворешна и безбедносна политика има многу добар прогрес.

    „Потребни се решителни напори за да се изгради динамика за реформи и придвижување во процесот на преговори со ЕУ. Потребен е особен фокус за да се обезбеди ефективна имплементација на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи“, се наведува во извештајот.

    Охридскиот договор продолжува да се спроведува, а меѓуетничките односи се оценети како стабилни.

    Во извештајот се наведува дека доцни донесувањето на законите за административни службеници и законот за вработени во јавниот сектор.

    Во однос на усогласеноста на Македонија со надворешната и безбедносна политика на Европската унија се наведува многу добар прогрес со тоа што земјата целосно застана на страната на ЕУ во однос на руската инвазија врз Украина.

    „Со тоа Северна Македонија покажа дека може да биде доверлив партнер“, стои во извештајот.

    Правниот систем постигнал одреден степен на подготвеност и е умерено подготвен. Започна подготовката на нова судска реформа, која мора да биде посистематска. Судството ја покажа својата заложба да го заштити својот интегритет и независност, стои во извештајот.

    Земјата постигнала одредено ниво на подготовка и е умерено подготвена за превенција и борба против корупцијата.

    Потребни се повеќе пари и луѓе во јавното обвинителство и единиците за борба против корупцијата, се заклучува во извештајот, како и поголеми напори за засилување на ефикасноста во борбата против перењето пари.

    Земјата е умерено подготвена во однос на слободата на изразување. Реформите во Македонската радиотелевизија се закочени поради одложувањето на именување членови во Програмскиот совет. Потребно е решавање на работничките права на новинарите, стои во извештајот.

    Земјата одржува добри односи со другите земји од регионот кои се во евроинтегративниот процес. Се наведува дека Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни.

    Во однос на економските критериуми, земјата постигна добро ниво на подготовка во развојот на функционална пазарна економија. Потребно е подобрување на управувањето со јавните инвестиции. Банкарскиот сектор остана стабилен, но од друга страна големата сива економија го кочи бизнисот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img