Изведби на автори од Италија, Романија и Словачка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Три кореографии на автори од Италија, Романија и Словачка ќе се изведат вечерва на фестивалот Танц Фест 2023, во Младинскиот културен центар со почеток во 20 часот.

Првата кореографија под наслов „Дали е реално?“ е во кореографија на Гилда Федерика Цесарио, од Италија, видео материјалите се на  Андреа Базиле, а настапуваат: Мартина Тондо, Росела Донато, Данило Скалинчи, Антонио Панарити и Дениз Камаса.

Следната кореографија „OPUS I-IV“ во продукција на УНАГЕ од Романија е во режија и кореографија на Сандра Мавхима, а настапуваат танчерите Хуан Круз Луке, Алина Постолаче, Бјанка Секриеру, Илинка Агафитеи,Ана Ван Харен.
„OPUS I-IV“ е инспириран од кратките апстрактни анимирани филмови создадена од сликарот и режисер Волтер Ратман (1887-1941), како кореографија на потсвесното искуство, поврзано со неговиот реален живот. Претставата „OPUS I-IV“ е создадена по практично истражување на кореографски јазик во експерименталните филмови создадени на почетокот на XX век, симболични за историјата на апстрактна уметност.

Трета кореографија „Lud:Us“ е со концепт и кореографија на Јакуб Черулик, гостин од Словачка, а тој е и изведувач на кореографијата.

– „Lud:Us“ е онтолошко уметничко дело, каде основните елементи, методите, тактиките и стратегиите на современиот танц (заснована на анализата на движењето на Лабан) и танцовата изведба се поделени на карти за игра, кои му даваат на играчот опции или прашања што го водат до инструкции изведувачот за тоа што треба да прави и како треба да го направи тоа – вели кореографот Черулик.

Share This Article