More

    Израелците тврдат дека во Ал Шифа пронашле команден центар на Хамас и оружје

    spot_img

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа соопштение за операцијата во болницата Ал Шифа во Газа, во кое тврдат дека откриле „оперативен команден центар, оружје и технолошки средства“ кои му припаѓаат на Хамас, во зградата за магнетна резонанца во објектот.

    Во соопштението се вели дека пронашле „технолошки средства, заедно со воена и борбена опрема“ во еден оддел на болницата.

    Во соопштението се додава дека кога војниците влегле во болничкиот комплекс, тие се пресметале со голем број членови на Хамас и ги убиле, без да бидат наведени други детали.

    ИДФ информираа дека „продолжуваат да дејствуваат во болничкиот комплекс, притоа извлекувајќи разузнавачки информации и спречувајќи да им нанесат штета на медицинските тимови и цивилите кои се засолнети таму“.

    Исто така, на социјалните мрежи ИДФ објавија неколку фотографии од, како што тврдат, оружје пронајдено за време на операцијата.

    Функционерот на Хамас, Басем Наим, за Ал Џезира зави дека групата очекувала, како што рече, израелски „скици“ и „театралност“ во болницата Ал Шифа. Неговата изјава беше одговор на израелските наводи дека нивните сили пронашле оружје во комплексот.

    Наим ги нарече израелските тврдења „фарса“, додавајќи дека групата не ја исклучува можноста армијата да донела оружје и да го поставила во болницата Ал Шифа.

    – Доказите што ги презентира армијата се смешни и безвредни. Израел уште еднаш не успеа да го докаже она што го тврди со недели. Целта на Израел е да изврши притисок врз болниците и медицинскиот персонал и да го раселува населението, рекол тој

    Новинар кој е заглавен во болницата Ал Шифа рекол дека војниците сега ја напуштиле зградата и се преместиле надвор од нејзините ѕидови, јави Би-Би-Си, нагласувајќи дека не може независно да потврди дали војниците ја напуштиле Ал Шифа.

    Во меѓувреме, Етар Шалаби од Би-Би-Си Арабик разговараше со доктор Мохамед Абу Саламија, генерален директор на болницата Ал Шифа, кој рекол дека војниците ја напуштиле зградата за специјалистичка хирургија на болницата.

    Сепак, тој не можеше да потврди дали ги напуштиле и другите згради во комплексот.

    – Сè уште можам да видам многу тенкови на портите на болницата – рече тој.

    Доктор Саламија, исто така, ги обвини израелските трупи за оштетување на специјалистичка медицинска опрема за време на рацијата.

    Палестинската милитантна група Хамас тврди дека најголемата болница во Газа, Ал Шифа, е под контрола на израелските сили.

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) во средата рано утрината почнаа напад врз Ал Шифа, откако го обвинија Хамас дека оперира од тунелите под огромниот болнички комплекс, што милитантната група и болничките службеници постојано силно го негираа, јави Си-Ен-Ен.

    „Израелската окупација ја сметаме за целосно одговорна за животите и безбедноста на медицинскиот персонал, ранетите, болните, предвремено родените деца и раселените лица“, соопшти прес-канцеларијата на Хамас.

    Лекарот Калед Абу Самра изјави дека добиле предупредување само 30 минути пред почетокот на израелската операција во болничкиот комплекс.

    -Тие побараа да се држиме подалеку од прозорците и балконите, а сега слушаме оклопни возила, кои се многу блиску до влезот во комплексот – рече тој.

    Новинарот Кадер Ал Заноун информираше дека израелските тенкови и воените возила се во дворот на болницата и додаде дека израелските војници „спроведуваат операции за пребарување на зградите и одделенијата во услови на интензивни пукотници во болницата, како и дека користат мегафони за да бараат од младите мажи во болницата да ги кренат рацете, да излезат и да се предадат“.

    Портпаролот на израелската армија Питер Лернер изјави дека ИДФ ги известила болничките администратори, пациентите и цивилите да се засолнат.

    – Имаме намера да спроведеме воена операција за да направиме разлика помеѓу цивили и терористи – кажал портпаролот.

    Прес-канцеларијата на владата на Газа забележува дека припадниците на официјалните израелски сили во болницата Ал Шифа малтретирале болни, ранети и раселени, а нападнале и дел од медицинскиот персонал.

    Според оваа владина служба, израелските војници тепале луѓе во болницата и ги принудувале да се соблечат, притоа навредувајќи ги и пцуејќи, пренесе „Ал Џезира“.

    – Побараа и медицинските работници да ги напуштат местата, за да ги сослушаат под закана со пиштол – соопштија од прес канцеларијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img