Војната меѓу Израел и Палестина се прелева и во фудбалот. Голем проблем настана во тимот на Баерн Минхен во чија соблекувална има двајца играчи на спротивните страни кога е во прашање тој конфликт.
Израелецот Данијел Перец е со својот народ и испрати јасна порака:
– Моето срце е со сите луѓе. Останете силни и грижете се. Ќе го надминеме и ова – испрати порака Перец.
Од друга страна, играчот со арапско потекло, Мароканецот Нусер Мазрауи јасно ги брани правата на Палестинците.
– Немојте да мислите дека Алах не внимава што прават неправедниците! Ги пушта само до фденот кога очите ќе им останат отворени – истакна Мазрауи.
Во целата приказна, Мазрауи го извлече подебелиот крај. Политичката агенда во Германија е таква што му дава недвосмислена поддршка на Израел. И Баерн како најголем клуб во земјата го следи овој став, што го поддржува и најголем дел од населението.
Затоа Мазрауи беше принуден да го правда за искажаната поддршка за палестинскиот народ.
– Прво, би сакал да кажам дека сум разочаран што воопшто морам да објаснамувам за што се залагам. Тие убиваат илјадници невини луѓе. Јас сум за мир и правда на овој свет. Секогаш ќе бидам против секаков вид тероризам, омраза и насилство. И отсекогаш сум бил… Не се работи за тоа што јас мислам или што мислите вие, секој ден се убиваат невини и имаме конфликт кој излезе од контрола. Сите треба да бидеме против тоа. Не е хумано – објасни Мазрауи за Билд.
Во меѓувреме се огласија и политичарите. Пратеникот Јоханес Штајнигер потсетува дека претседател со најдолг стаж во историјата на Баерн бил Евреинот Курт Ландауер. Затоа тој испраќа јасна порака до Баварците во врска со Мазрауи.
– Драг Баерн: исфрлете го веднаш. Уште повеќе, државата нека ги искористи сите можности да го избрка од Германија – напиша Штајнигер на Твитер.
Сличен став има и неговиот колега Кристоф Плос.
– Се надевам дека Баерн извлече заклучоци. Во Германија нема место за оние кои ги оправдуваат страшните терористички напади на Хамас врз Израел – изјави Плос.