More

    Израелскиот претседател со детали за смртта на девојката која беше грабната од Хамас

    spot_img

    Израелскиот претседател Исак Херцог во интервју за „Билд“ ја потврди информацијата дека 23-годишната Германка Шани Лук била обезглавена. Германката беше киднапирана од членови на Хамас на 7 октомври за време на напад на музички фестивал во кибуцот Реим.

    – Навистина ми е жал што морам да ве известувам дека сега ја добивме веста со која е потврдено дека Шани Никол Лук е убиена и е мртва. Пронајден е нејзиниот череп  – изјави претседателот Херцог.

    Тој додаде дека „варварските и садистички ѕверови“ на Хамас „ја отсекле главата“ на девојката чие тело дури сега е идентификувано. Телата на 40 жртви убиени од Хамас сѐ уште не се идентификувани. Проблемите со идентификацијата се последица на тоа што телата биле обезличени, изгорени или осакатени.

     

    За Херцог, упадот на Хамас на израелска територија резултираше со „кланица“ со „најстрашните трагедии што може да се замислат“. Инаку, веднаш по нападот, Хамас објави снимка на која се гледа како Лук, полугола и тешко повредена, лежи во едно од нивните возила.

    Германскиот министер за одбрана Борис Писториус во интервју за телевизиската станица ЗДФ изјави дека Германија и нејзините вооружени сили мора да бидат „подготвени за војна“. Тој смета дека постои опасност од конфликт во Европа и додаде дека „мора да се навикнеме на идејата дека во Европа може да има опасност од војна“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img