More

    Израелскиот министер за одбрана најави нови напади

    spot_img

    Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека Израел има „уште изненадувања за Хезболах“ додека израелските копнени операции продолжуваат во јужен Либан.

    – Хезболах доби многу сериозни удари, еден по друг. Го елиминиравме лидерот на движењето, Хасан Насрала, и имаме уште изненадувања, од кои некои се веќе извршени, а некои допрва треба да се извршат – изјави Галант за време на посетата на штабот на 36-та дивизија на вооружените сили на северот на Израел, јави „Тајмс оф Израел“.

    Војниците од оваа дивизија спроведуваат оперативни активности во јужен Либан.

    Израелскиот министер додаде дека ракетната дивизија на Хезболах претрпела многу тежок удар, а значителен дел од неа е уништен во висококвалитетна и прецизна операција.

    – Командниот и контролен центар, комуникациите, целото раководство на елитните сили Радван и всушност целото второ и трето ниво на команда под Насрала беа уништени – рече израелскиот министер за одбрана.

    Галант додаде дека израелската армија денеска спроведува операции во неколку села и дека тој процес ќе продолжи секаде каде што е потребно за да се уништи сета инфраструктура од која Хезболах планира да изврши напади.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img