Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата навечер изјави дека земјата „се подготвува за копнена операција“ во Појасот Газа.
Израелските копнени сили во четвртокот изведоа операција во северниот дел на Појасот Газа насочени кон цели на Хамас, соопшти армијата, во она што израелското воено радио го опиша како најголем упад во енклавата од почетокот на актуелниот конфликт.
Воената видео снимка покажува оклопни воени возила како ја преминуваат песочната гранична зона, булдожер израмнува дел од насипот, тенкови пукаат гранати и експлозии во близина или среде оштетените згради.
Овој последен упад беше изведен како дел од „подготовката за следната фаза од борбата“, што може да биде претходник на целосната инвазија на израелските лидери кои се заканија дека ќе го уништат Хамас.