More

    Израелски министер: Не се согласуваме со мировен план кој подразбира формирање на палестинска држава

    spot_img

    Крајнодесничарскиот министер за финансии на Израел, Безалел Смотрич, ги отфрли плановите за формирање палестинска држава, велејќи дека Израел „нема да се согласи со тоа на кој било начин“.

    Во четвртокот, на својот профил X, Смотрич објави слика од наслов од израелската веб-страница Ynet, што се преведува како „извештај: САД промовираат сеопфатен план за формирање палестинска држава“, и напиша:

    „Нема шанси да се согласиме со овој план кој во основа вели дека Палестинците заслужуваат награда за ужасниот масакр што ни го направија: палестинска држава со Ерусалим како главен град. Пораката е дека навистина се исплати да се масакрираат израелски граѓани. Државата Палестина е егзистенцијална закана за државата Израел, како што беше докажано на 7 октомври, Кфар Саба нема да биде Кфар Аза!“

    Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир исто така напиша на X.

    „Убиени се 1.400 луѓе и светот сака да им даде држава. Тоа нема да се случи. Основањето на палестинска држава значи формирање на држава Хамас“, пренесува британски Гардијан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img