More

    Израелската војска објави снимка како ги „чистат“ членовите на Хамас во Газа

    spot_img

    Израелската армија објави видео на кое се гледа моментот кога еден нејзин член се среќава со двајца членови на Хамас во зградата во Газа и како ги убива. Израелскиот војник бил во мисија да ја „исчисти“ населбата Шеџаја во Газа од Хамас, кога на првиот кат од една зграда влетал во заседа. Тој во таа прилика на заштитниот шлем носел камера и го снимил моментот на блиската, но и застрашувачка средба со Хамас.

    Зад ѕидот го чекале двајца Палестинци кои фрлале граната во правец на Израелецот. Иако бил ранет, тој успеал да се собере и да повика помош. Потоа продолжил да пука  кон членовите на Хамас, убивајќи ги двајцата на лице место.

     

    Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека две бази на Хамас во населбите Јебали и Шеџаја се „исчистени“ и дека Израелците ги ставиле под нивна контрола.

    – Многу сме блиску до освојување на целиот северен појас Газа. Неколку стотици борци на Хамас се предадоа во претходните денови, гледајќи дека се во безизлезна ситуација – рече Галант.

    И покрај големите загуби во последните денови, Хамас успеа да ликвидира седум израелски војници и нивниот командант во борбите во Газа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img