Израелската армија денеска соопшти дека нејзините копнени сили во понеделникот извршиле ограничени упади во Појасот Газа.
Тие додадоа дека воздухопловните сили ги напаѓаат точките каде што се собираат палестинските милитанти во пресрет на инвазијата.
Палестинската група Хамас вчера објави дека нејзините борци се судриле со оклопните сили кои се инфилтрирале во јужниот дел на Газа, уништувајќи дел од израелската воена опрема. Израел не зборуваше за загуби.