Израелската армија предложи план за евакуација на цивилите во Појасот Газа, соопшти утринава израелската влада пред евентуалната офанзива во Рафах.
Армијата „на воениот кабинет му претстави план за евакуација на населението од борбените зони во Појасот Газа, како и план за идни операции“, се наведува во соопштението од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Детали за начинот на евакуација, како и локацијата не се соопштени.
Премиерот на Израел сака да започне копнена операција во Рафа, за која вели дека е „последниот бастион“ на исламистичкото движење Хамас.
Министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека во израелските напади во текот на ноќта во Појасот Газа биле убиени 92 Палестинци.