More

    Израелската разузнавачка агенција Мосад поставила експлозиви во 5.000 пејџери увезени од Хезболах пред детонациите

    spot_img

    Израелската разузнавачка агенција Мосад поставила експлозиви во 5.000 пејџери увезени од Хезболах пред детонациите, објавија светските медиуми.

    Агенцијата Ројтерс цитираше висок либански извор дека израелската шпионска служба ги модифицирала уредите „за време на производството“.

    -Мосад вметнал табла во направата која има експлозивен материјал и која ја прима шифрата. Многу е тешко да се открие на кој било начин. Дури и со кој било уред или скенер – вели изворот.

    Се додава дека 3.000 пејџери експлодирале кога им била испратена шифрирана порака, истовремено активирајќи го експлозивот.

    Друг безбедносен извор изјавил дека во новите пејџери – дојавувачи биле скриени до три грама експлозив и дека Хезболах „не го открил“ со месеци.

    И Си-Ен-Ен смета дека зад нападот стои Израел, кој тврди дека тоа е заедничка акција на познатиот Мосад и израелската армија. Либанската влада соопшти дека ова е „криминална агресија на Израел“.

    Израелската војска, која беше вклучена во нападите против Хезболах од почетокот на војната со палестинската милитантна група Хамас во Газа, поддржана од Иран минатата година, одби јавно да ги коментира наводите и самите експлозии.

    Либанската вооружена група Хезболах соопшти дека смртоносните експлозии од страна на дојавувачите само ја зголемија нивната решеност да продолжат со операциите против Израел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img