More

    Израелската полиција соопшти дека ја запечатила куќата на терористот кој во петокот уби 7 лица и рани тројца во ерусалимската населба Неве Јаков

    spot_img

    Израелската полиција соопшти дека ја запечатила куќата на терористот кој во петокот уби 7 лица и рани  тројца во ерусалимската населба Неве Јаков.

    Армијата ја запечати куќата на Алкам Кари пред нејзиното уривање во населбата А-Тур, во источен Ерусалим.

    Безбедносните сили веќе им рекле на жителите да ја напуштат куќата веднаш по нападот во петокот вечерта. Во саботата полицијата објави дека се приведени 42 пријатели и познаници на Кари, објави „Тајмс оф Израел”.

    Неговата куќа беше затворена неколку часа откако Високиот совет за безбеднос

    Запечатувањето на куќите на напаѓачите често е замена или подготовка за нивно уривање.

    Општо земено, процесот на уривање трае неколку месеци, бидејќи куќата мора да биде обележана, Високиот суд мора да одговори на жалбата на семејството, а безбедносните сили често чекаат оптимално време за да влезат во палестинските градови или населби за операции за уривање.

    Мерката доаѓа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави „силен” и „цврст” одговор на „тероризмот” по двата палестински напади во Источен Ерусалим.

    – Нашиот одговор ќе биде силен, брз и прецизен. Не сакаме ескалација, но подготвени сме за секое сценарио – рече Нетанјаху на вонредниот состанок на кабинетот за безбедност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img