More

    Израелската полиција фрли солзавец во џамијата Ал Акса за време на утринската молитва

    spot_img

    Израелската полиција фрлила солзавец од дрон во дворот на џамијата Ал Акса во Ерусалим, објаснувајќи дека по утринската молитва се извикувале пароли, јавува Анадолија.

    Во последниот петок од Рамазан, десетици илјади верници се собраа во џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ерусалим на утринска молитва.

    Според фотографиите споделени на социјалните мрежи, по утринската молитва, група во Ал Акса извикувала пароли: „Ние доаѓаме кај вас со нашата крв и нашите животи, Ал Акса“.

    Дрон на израелската полиција фрлил солзавец од воздух врз областа. Десетици луѓе во Ал Акса беа погодени со солзавец, а во областа избија судири.

    Израел го ограничи пристапот на палестинските верници до џамијата Ал Акса поради зголемените тензии низ окупираниот Западен Брег поради израелската војна на Појасот Газа, во која загинаа повеќе од 33.000 Палестинци, повеќето жени и деца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img