More

    Израелската армија започна голема воена операција на северот на Западниот Брег

    spot_img

    Израелската армија започна голема воена операција врз бегалскиот камп во Џенин на северот од окупираниот Западен Брег, објави во понеделникот Би-Би-Си.

    Се започна со повеќекратни напади со беспилотни летала. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат чад што се издига од станбената област.

    Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во нападот загинале најмалку тројца Палестинци, а 27 се ранети.

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ја напаѓаат „терористичката инфраструктура во областа Џенин“.

    „Ние нема само да чекаме додека терористите продолжат да им нанесуваат штета на цивилите користејќи го кампот Џенин како скривалиште“, рекоа тие, додавајќи дека кампот е „терористичко упориште“.

    Баталјонот Џенин, во кој се вооружени членови на палестинските групи Фатах, Хамас и Исламски џихад, најави дека „ќе се борат против окупациските сили до последниот здив и куршум“, како и дека ќе работат заедно и обединети од сите фракции и војска формации.

    Десетици вооружени, маскирани Палестинци се распослани по сокаците на кампот.

    Ахмед Заки, жител на кампот, изјави за Би-Би-Си дека „колони возила на израелската армија навлегле во периферијата“ на Џенин.

    Палестинскиот возач на брза помош Калед Алахмад изјави дека во бегалскиот камп се случува вистинска војна.

    „Имаше воздушни напади врз кампот, секогаш кога ќе се избркаме со пет до седум амбулантни возила, се враќаме полни со повредени луѓе“, изјави тој за Ројтерс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img