More

    Израелската армија уби висок командант на палестинската милиција

    spot_img

    Израелските вооружени сили денеска убија двајца Палестинци, меѓу кои и високиот командант на палестинската милиција Ибрахим ал Набулси, за време на рација во градот Наблус на Западниот Брег.

    Претходно, најмалку 30 Палестинци беа ранети во судирите низ градот, а инцидентот се случи само два дена по прекинот на огнот во Газа. „Терористот Ибрахим ал Набулси е убиен во градот Наблус“, соопшти израелската армија, потврдувајќи дека претходно имало размена на оган. За време на операцијата, според израелската армија, починал „уште еден терорист кој престојувал во куќата“.

    Набулси беше командант на бригадата на мачениците Ал-Акса, една од главните милитантни групи на Западниот Брег која дејствува под палестинската владејачка партија Фатах.

    Според хуманитарната организација Црвена полумесечина, во судирите со израелската армија се ранети најмалку 30 Палестинци, а состојбата на најмалку еден е тешка. Покрај пукањето во стариот дел на Наблус, судири имало и во други делови на градот.

    Израелските безбедносни сили во последните месеци спроведуваа речиси секојдневни операции на Западниот Брег, насочени кон борците на Исламскиот џихад. Од петокот израелската армија изврши воздушни напади врз позициите на движењето во Газа, кое одговори со над 900 ракети истрелани на територијата на Израел.

    Гранатирањето продолжи до прекинот на огнот, кој стапи на сила во 23:30 часот по локално време во неделата, откако Египет интервенираше. Според последните податоци, во судирите животот го загубиле најмалку 46 лица, меѓу кои 16 деца, а повеќе од 350 се повредени. Тоа беше најлошото насилство во Газа од минатогодишните судири. Подоцна израелската страна објасни дека нападите ги започнале во петокот затоа што Исламски џихад наводно планирал поголем напад.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img