Израелската војска соопшти дека ја презела „оперативната контрола“ на пристаништето во Газа, клучна инфраструктура на палестинската територија, на 41-от ден од војната меѓу Израел и исламската екстремистичка група Хамас.
Контролата на пристаништето „кое беше управувано од терористичката организација Хамас“ беше преземено во заедничка операција на оклопните и поморските сили во изминатите денови, се наведува во военото соопштение.
Хамас го користеше пристаништето како „центар за обука на своите поморски сили за планирање и извршување терористички напади од морето“, се додава во соопштението.