More

    Израелската армија им нареди на жителите на централните делови на Газа да тргнат на југ

    spot_img

    Израелската армија денеска издаде наредба до Палестинците во централниот дел на Појасот Газа да ги напуштат своите домови и да се упатат на југ кон градот Деир ал Балах.

    Портпаролот на израелската армија Авичаи Адраи изјави дека израелската армија „дејствува силно против Хамас и терористичките организации“.

    Во соопштението, армијата им нареди на жителите на бегалскиот камп Буреиџ и населбите Бадр, Ал-Нужа, Ал-Захра, Ал-Бурак, Ал-Равда и Ал-Сафа веднаш да одат во засолништата во Деир Ал-Балах.

    Авичаи во соопштението наведе дека израелската армија „ќе дозволи хуманитарно движење на цивили преку обиколницата лоцирана западно од Кан Јунис“.

    Како што јавува дописникот на Анадолу, израелската армија телефонски контактирала со палестинските цивили и побарала од нив веднаш да ги евакуираат своите домови кон Деир ал Балах.

    Во Деир ал Балах нема засолниште, а градот секојдневно е изложен на силно бомбардирање на израелската артилерија и воени авиони. Градот е веќе пренаселен со бегалци од другите делови на Газа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img