Израелската армија (ИДФ) потврди дека извршила напад врз училиште во бегалскиот камп Нусеират, тврдејќи дека цел бил команден и контролен центар на Хамас.
Според израелската армија, комплексот се користел за планирање и за изведување напади врз израелските сили во Појасот Газа и против Израел.
Барем 14 луѓе, вклучувајќи жени и деца, се убиени во нападот врз училиштето, пишува Ал Џезеира.
Официјални лица од болницата „Авда“ во Нусеират соопштија дека примиле 10 мртви од нападот, а уште четворица мртви биле донесени во болницата „Мачениците Ал Акса“ во Деир ал Балах. Најмалку една жена и две деца се меѓу загинатите, а најмалку 18 лица се ранети во нападот, соопштија болничките власти, пренесува Еј-пи њуз.