Израелската армија соопшти дека не е точно дека знаела за планот на палестинската група Хамас да ја премине границата и да го нападне југот на земјата.
Претходно, Њујорк Тајмс објави извештај во кој се наведува дека израелската армија знаела за планот на Хамас една година пред да биде извршен нападот.
Весникот наведува дека Ерусалим ја добил информацијата на брифинг од разузнавачки аналитичари, но дека израелската војска го оценила тој план на Хамас како „неоснован“.
„Смешно е да се обидувате да промовирате каква било теорија на заговор. Категорично отфрлам каква било можност дека тоа било така“, напиша на социјалната мрежа Х потполковник Џонатан Конрикус од Израелските одбранбени сили (ИДФ).
Тој, исто така, призна дека „ИД не успеа да го обезбеди она што требаше да го има, заштита и безбедност за Израелците (тој ден).
Конрикус најави дека армијата ќе преземе „сеопфатен“ преглед откако Хамас ќе биде поразен.