Израелска студија откри врска помеѓу издувните гасови и зголемената стапка на аутизам кај децата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нова студија на израелски научници покажа дека загадувањето на воздухот, особено она предизвикано од издувните гасови од автомобилите и генерирано од големите фабрики, може да влијае на значително зголемување на стапката на аутизам кај децата. Изложеноста на мајката на загадување за време на бременоста, исто така, придонесува за развој на аутизам кај детето.

„Откритието е дека помалите честички, особено најситните честички – ПМ2,5, како и азотниот оксид, кои се создаваат при согорувањето на горивото, успеваат да стигнат до плацентата за време на бременоста преку организмот на мајката и да влијаат на развојот на мозокот на фетусот“, тврдат научниците чија работа на таа тема е објавена во медицинското списание „Брејн медисин“ во ноември.

Изложеноста на трудниците на загаден воздух негативно влијае на имунолошкиот систем на мајката, а бремените жени и децата се особено во опасност во регионите со екстремно високо аерозагадување, велат научниците. Тие апелираат да се преземат соодветни мерки за заштита на трудниците од оваа опасност.

„Различни видови на невролошки нарушувања, вклучително и нарушување на аутистичниот спектар, може да се поврзат со овој фактор на загадување на животната средина. Се чини дека времето на изложеност на азотен оксид е клучно, бидејќи изложеноста на споменатите загадувачи во текот на бременоста и во раниот постнатален развој на детето претставува значителен ризик за развој на аутистични нарушувања“, вели главниот автор на студијата, Хајтам Амал од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.

Амал додава дека лицата со генетска предиспозиција за аутизам можат да бидат уште почувствителни на негативните ефекти од изложеноста на азотен оксид.

Студијата опфати и други загадувачи на воздухот, за кои е откриено дека го зголемуваат ризикот од можен развој на аутизам. Авторите на студијата предупредуваат дека еден од нив е бензенот, кој се наоѓа во издувните гасови од возилата.

Share This Article