Израелската војска соопшти дека пронашла повеќе од 15 влезови во подземните тунели во Магази во центарот на Газа и убила неколку терористи во воздушни напади.
Војниците на ИД (израелските одбранбени сили) убија десетици „терористички оперативци“ во борбите изминатиот ден во областа Кан Јунис.
Во соопштението објавено на каналот Телеграм, пишува дека за време на операцијата во Кан Јунис, војниците идентификувале терорист кој поставил експлозивна направа во близина на рутата по која се движи војската.
Се додава дека војниците на ИД погодиле вкупно 150 терористички цели во изминатиот ден.
Тие тврдења не можеа да бидат независно потврдени, пренесуваат агенциите.