Израелката Нета Хејман, чија мајка е заробена во Газа од 7 октомври, вели дека нема доверба во владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и дека е против казнување на луѓето во Газа.
Во интервју за агенцијата Анадолу во нејзиниот дом во северниот израелски град Хаифа, Хејман рече дека ниту нејзината мајка, ниту 2,3 милиони Палестинци кои живеат во Газа не треба да бидат казнети поради израелската окупациска политика, ниту за Хамас.
Израелката вели дека треба да се дозволи испорака на лекови во Газа.
– Народот во Газа не е виновен. Страдаат и поради Хамас. Тие може да страдаат дури и повеќе од нас. Не треба да ја прекинеме хуманитарната помош – рече Хејман.
Таа го опиша Нетанјаху како „лажго“ и ја обвини израелската влада дека не дава приоритет на спасувањето на затворениците во Газа.
Таа изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) се заинтересирани само за спасување на сопствените граѓани меѓу затворениците во Газа.
– За жал, мајка ми е само израелска државјанка. Затворениците кои беа ослободени во првите денови беа американски државјани. Мислам дека не дадоа се од себе за секого. Нивните приоритети се сопствените граѓани, граѓаните на САД и Европа – смета Хајман.
Тврдејќи дека ниту една страна не е „безгрешна“ во израелско-палестинскиот конфликт, Хејман смета дека решението на овој проблем лежи во политички, а не во воен договор.
Таа смета дека двете страни треба да седнат, да разговараат и да постигнат политички договор.