Израелската армија (ИДФ) соопшти дека убила тројца команданти на Хезболах и околу 70 членови на таа организација во изминатите два дена и дека продолжува да врши „ограничени, локализирани и насочени напади“ врз инфраструктурата и милитантите во јужен Либан.
Еден ден откако потврди дека го убил високиот функционер на Хезболах Хашем Сафиедин, кој се сметаше за најверојатниот наследник на неодамна убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала, ИД ги прошири повиците за евакуација на уште неколку населби околу пристанишниот град Тир во јужна Либан.
Израелската офанзива принуди најмалку 1,2 милиони Либанци да ги напуштат своите домови, а во копнените и воздушните напади загинаа 2.530 луѓе, вклучително и најмалку 63 во изминатите 24 часа, соопшти либанската влада.
Хезболах не ги коментираше наводите на ИД за убиството на Сафиедин.